Промовирана книгата на Јанко Бачев - Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција


17.06.2022 | 14:03:00 | Соопштенија


Промовирана книгата на Јанко Бачев - Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција

Во просториите на хотелот Континентал во Скопје беше промовирана новата книга на професорот Јанко Бачев под наслов „Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“. 

Целосно видео од промоцијата

Во оваа книга авторот на еден сеопфатен, аналитички и научно издржан пристап ги обработува меѓународно-правните основи и постапката за поништување на т.н преспански договор.

Рецензенти на книгата се професорите Игор Јанев и Јове Кекеновски а еден од промоторите беше и амбасадорот Ристо Никовски. Рецензентите, а воедно и промоторите беа едногласни во оценката дека со оваа книга е создадена квалитетна правна рамка со научното елаборирање на правните основи и постапката за поништување на т.н преспански договор.

Исто така, беше потенцирано дека овој труд е прва книга и своевиден водич за поништувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција кој беше оценет како капитулантски и опасен за македонските национални и државни интереси и затоа мора да биде поништен.

Авторот на книгата истакна дека ќе биде задоволен доколку книгата биде корисна литература за сите оние што сакаат да ја знаат простата вистина дека Договорот е ништовен и мора да се поништи и дека постојат правни основи и постапка како да се стори тоа а кои детално се изложени во книгата. 

Книгата ја покажува ориентацијата по која треба да се движи некоја идна власт во Републиката со определба за поништување на Договорот.

Со објавувањето на книгата тријазично: на македонски, руски и на англиски јазик, вистината за Договорот може да се пренесе и во средини надвор од Македонија.

Книгата е во функција на разбирање дека сакаме само да бидеме тоа што сме - Македонци од Македонија. И толку! 

Останува да се надеваме дека било која идна власт во Република Македонија ќе пројави намера и храброст да поведе постапка за поништување на Договорот со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

 

 

Медиуми:

Макфакс

Точка

МТМ

Инфо

МНет

Утрински весник

Тајм

Грид 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 17 јуни 2022 година