Бачев од с. Козица: Продолжуваме со Програмата за спомен - обележја на македонски револуционери, денес спомен плоча за Јордан Пиперката


12.06.2022 | 16:41:45 | Соопштенија


Бачев од с. Козица: Продолжуваме со Програмата за спомен - обележја на македонски револуционери, денес спомен плоча за Јордан Пиперката

Единствена Македонијапродолжува со реализација на Програмата за поставување на спомен - обележја на места од историско значење за македонскиот народ и македонската држава.

По минатонеделното поставување на спомен - обележје во с. Цер. Кичевско на местото каде загинал Христо Узунов со своите соборци, денес во с. Козица, Кичевско, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со пригодно обраќање ја откри спомен плочата на родната куќа на македонскиот револуционер и војвода Јордан Силјанов Пиперката. 

Јордан Пиперката го положува животот за слободна и независна Македонија на свои 33 години во битката со турскиот аскер на 10 август 1903 година.  Јордан Пиперката, македонски револуционер и војвода, учесник во македонското револуционерно движење со својата чета бил страв и трепет за Турците и голем заштитник на населенито во Кичевскиот, Демирхисарскиот и Крушевскиот регион од зулумите на аскерот.

Програмата на Единствена Македонија за поставување спомен плочи за македонски револуционери и војводи е своевиден аманет за генерациите кои ќе дојдат после нас, да знаат за вечната вистина дека биле, се и остануваат Македонци.

Нека ние вечен споменот на Јордан Пиперката!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 12 јуни 2022 година

Видео изјава на претседалот Бачев