Единствена Македонија до Ковачевски: Доста се мајтапат со тебе, ајде во следна прилика кажи им дека Македонија се граничи сама со себе со Солун главен град, макар и на шала, де


12.06.2022 | 12:05:12 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Доста се мајтапат со тебе, ајде во следна прилика кажи им дека Македонија се граничи сама со себе со Солун главен град, макар и на шала, де

Единствена Македонија изразува зачуденост од однесувањето на Димитар Ковачевски во Солун каде на забелешката на Еди Рама дека е премиер на Западна Бугарија, Ковачевски само неконтролирано се смее.

Македонија со марионетската влада на СДСМ во континитет доживува понижување на меѓународната сцена иако СДСМ за случајот во Солун, невешто се обидува да го правда Ковачевски дека изјавата на Рама била сарказам и кажано во иронија.

Единствена Македонија го повикува Ковачевски да не дозволува повеќе да се мајтапат со него на разноразни меѓународни собири преку кои Македонија доживува понижувања и срамно подбивање и исмејување на нејзиниот национален идентитет.

Истовремено, Единствена Македонија го охрабрува Ковачевски ако има грам морал, совет и одговорност, во следна прилика како во Солун, на пример, да каже дека Македонија е уникатен пример на држава во регионот која самата со себе се граничи од сите страни со главен град Солун, мајар со сарказам и иронија, де!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 12 јуни 2022 година