Бачев: Тежок и тажен ден за Задушница: Мора да ги победиме сатанистите кои во очи те гледат, во господ се колнат и лажат, крадат и ја растураат државата


11.06.2022 | 13:08:09 | Соопштенија


Бачев: Тежок и тажен ден за Задушница: Мора да ги победиме сатанистите кои во очи те гледат, во господ се колнат и лажат, крадат и ја растураат државата

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 11 јуни 2022 година

-„Денеска на големиот православен празник Задушница е тежок и тажен ден за Македонија и Македонците. Марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар го брише македонското минато, сегашноста и иднината.

Неверниците од марионетската власт под контрола на „ѕверот„ претераа. На Грција и ја подарија древната македонска историја, а сега на Бугарија и ја подаруваат средновековната македонска историја. Се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Марионетската власт гази немилосрдно спрема Македонците и православните верници. Гази и се изживува и врз мртвите и врз живите. Живееме во време кога Македонците во доминантно православна  Македонија се народ од втор ред во сопствената држава.

Но, почитувани мои браќа Македонци и сестри Македонки, јас не сум политичар кој довербата ја бара со лигавење кон народот, туку мора да ја кажеме  вистината.

За ова зло што ни се случува, не можеме да се лутиме на соседите, странците, албанците. НЕ. Вината е кај нас, во властите што ги избираме, во партиите што ги подржуваме во изминатите 30 години.

Затоа народот нема повеќе право на грешка на изборите кога и да се одржат. Народот мора да избере, прво, чесни политичари без ниту една дамка/афера во својата кариера, второ, да избере луѓе со знаење, способност и достигнување и трето, да избере личности со национален и патриотски дух кои целиот политички ангажман го посветиле во одбраната на националните и државните интереси. А после е лесно и на економски и било кој план. Штом се воспостави системот со чесни политичари, добиваме држава каква што сите ја посакуваме.

Единствена Македонија нема да стои на страна и секогаш останува на првата линија во одбраната на македонските интереси. Ние ќе се бориме, од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме да ги победиме овие безбожници и неверници кои во очи те гледат, во господ се колнат и лажат, крадат и ја растураат државата“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 11 јуни 2022 година

Опсервер