Единствена Македонија до Ковачевски: Ако „Отворен Балкан“ е најдобрата иницијатива, тогаш, зошто го сменивте името


10.06.2022 | 11:17:20 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Ако „Отворен Балкан“ е најдобрата иницијатива, тогаш, зошто го сменивте името

Марионетскиот премиер Димитар Ковачевски во изјава за јавноста оцени дека „Отворен Балкан “ е најдобрата иницијатива.

Единствена Македонија го прашува Ковачевски, ако „Отворен Балкан“ со Србија, Албанија, БиХ и Црна Гора е најдоброто, тогаш, зошто со т.н. преспански договор е сменето името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Дотолку повеќе, за учество во Иницијативата „Отворен Балкан“ не е потребно промена на името ниту пак некоја од државите учеснички во оваа иницијатива бара такво нешто.

Но, добра работа е што т.н. преспански договор со Грција е ништовен, бидејќи е во спротивност со меѓународното право и било која национална и патриотска власт во иднина во Република Македонија може да поведе постапка за негово поништување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 10 јуни 2022 година