Бачев од с. Цер: Започнуваме со реализација на Програмата за поставување на спомен - обележја на македонски револуционери и војводи


05.06.2022 | 12:00:50 | Прес Конференции


Бачев од с. Цер: Започнуваме со реализација на Програмата за поставување на спомен - обележја на македонски револуционери и војводи

Изјава, Единствена Македонија   
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија  
с. Цер, недела, 5 јуни 2022 година

Единствена Македонија започна со реализација на Програмата за поставување на спомен - обележја на места од историско значење за Македонија и Македонците. Денес, во с. Цер, Кичевско претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со пригодно обраќање ја откри спомен плочата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов на местото каде загинува со своите соборци. 

Во наредниот период ќе бидат поставени спомен плочи и за други македонски револуционери и војводи како аманет за генерациите кои ќе дојдат после нас, да знаат за вечната вистина дека биле, се и остануваат Македонци.

Нека ни е вечен споменот на Христо Узунов!

Изјавата на претседателот Бачев

 

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
с. Цер, недела, 5 јуни 2022 година