Единствена Македонија: Скандал, професорот што земал бонуси од парите на студентите, вчера со помош на власта избран за ректор


02.06.2022 | 15:08:18 | Соопштенија


Единствена Македонија: Скандал, професорот што земал бонуси од парите на студентите, вчера со помош на власта избран за ректор

Во јавноста излегоа скандалозни информации дека раководството на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола си делело парични бонуси од Студентскиот фонд на универзитетот.

Уште посканадалозно е што еден од професорите кои се омрсиле од парите во Студентскиот фонд, професорот Игор Неделковски досегашен проректор за настава, вчера со помош на власта беше избран за нов ректор на Битолскиот универзитет.

Студентите со право се гневни што раководството на Битолскиот универзитет си делело парични бонуси на нивните плати од Студентскиот фонд кој го полнат студентите, а од друга страна македонското образование е на дното во Европа.

Единствена Македонија бара од надлежните институции да го испитат овој случај со грабежот на студентите на Битолскиот универзитет, дотолку повеќе, ваквите активности сериозно го рушат кредибилитетот на овој универзитет.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 2 јуни 2022 година

Прес 24