Единствена Македонија: Спасовски ја порази идејата за правна држава со ослободувањето на британските војници кои тепаа полицајци во Неготино


29.05.2022 | 13:41:31 | Соопштенија


Единствена Македонија: Спасовски ја порази идејата за правна држава со ослободувањето на британските војници кои тепаа полицајци во Неготино

Тројца пијани и доргирани британски војници учесници на НАТО вежбата на полигонот Криволак, пред една недела во кафуле во Неготино пред голем број на очевидци се однесувале агресивно, кршеле инвентар и нападнале полициски службенции од МВР кои извршувале службени дејствија.

Но, по целосното документирање на случајот наместо да бидат изведени пред лицето на правдата, тројцата британски војници се ослободени од одговорност иако напад на полициски службеник е казниво дело.

Тројца странски војници среде Неготино тепаат полициски службеници а МВР ги ослободува. Со ваквото постапување на МВР,  министерот Спасовски ја порази идејата за правна држава. Законите важат за Македонците, но не важат и за странците од државите - членки на НАТО без оглед на нивното каубојско однесување на територијата на Република Македонија.

Марионетската влада на СДСМ е заглавена во криминал, корупција, беззаконие и национално предавство. Одговорност мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 29 мај 2022 година