Единствена Македонија до Ковачевски по состанокот на коалицијата во Софија: Вразуми се, повлечи се од договорот со Бугарија, стави мораториум на преговорите со ЕУ и ајде на избори


28.05.2022 | 11:57:20 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски по состанокот на коалицијата во Софија: Вразуми се, повлечи се од договорот со Бугарија, стави мораториум на преговорите со ЕУ и ајде на избори

По синоќешниот состанок на владејачката коалиција во Софија на која се разговараше за Македонија и заклучокот дека секој договор со Македонија мора да помине во бугарскиот парламент, стана јасно дека Македонија мора да ги прифати бугарските услови за бришење на македонската нација, јазик, историја и култура во замена за датум за преговори за членство во ЕУ, земајќи ја предвид Декларацијата на бугарскиот парламент со околу 20 услови со кои практично се брише се што е македонско.

Со ова, владата на СДСМ доживеа целосен дебакл на своите политики на надворешен план наспроти волјата на народот кој не го прифаќа националното предавство на марионетската власт во Скопје.

Исто така, сведоци сме на целосен дебакл и на внатрешен план земајќи предвид дека владата на СДСМ плива во беззаконие, криминал, корупција и национално предавство.

После силниот шамар за владата на СДСМ од синоќешниот состанок на владеачката коалиција во Софија, Единствена Македонија го повикува Димитар Ковачевски да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Бугарија спрема македонскиот народ да одговори со повлекување од Догоговорот со Бугарија, мораториум на преговорите за датум за членство во ЕУ до следните парламентрани избори.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 28 мај 2022 година