22.05.2022 | 13:02:09 | Соопштенија
Единствена Македонија од патриоти во Службата доби информација дека е покрената тајна оперативна постапка за испитување на потеклото на имотот на претседателот на партијата Јанко Бачев. Одлично, дотолку повеќе, низ годините токму Единствена Македонија постојано повторува дека спасот на Македонија е во чесни политичари.
Единствена Македонија жали што не стана парламентарна партија и народот нема можност да види анкетен лист на претседателот Бачев за имотната состојба и како е дојдено до неа.
Загрижува фактот што е заведена тајна оперативна постапка со недозволиво повторно ставање под тајна контрола на телефонот на претседателот Бачев со т.н. пим мерки. Можат да не следат и прислушкуваат, но, никакви притисоци нема да не уплашат оти нашата борба е исправна. Нашата борба е борба за Македонија, Македонците и државјаните на Македонија.
Единствена Македонија со нетрпение очекува завршување на постапката, а наша сугестија до истражителите е да обрнат внимание на граничната 1990 година за да се види кој уште со распадот на СФРЈ влезе во независна Македонија со имот, а кој во политиката влезе како голтар и во изминатиет 30 години на бандитски начин се стекна со имот од позиција на власт.
Новата народна власт на Единствена Македонија доаѓа, таа се навестува и потеклото на имотот ќе биде испитано реално и вистински на сите бандити од „А“ до „Ш“ кои со грабеж преку ноќ од комунисти станаа капиталисти.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 22 мај 2022 година