Единствена Македонија: Во името на светскиот мир, Македонија да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО


20.05.2022 | 12:33:16 | Соопштенија


Единствена Македонија: Во името на светскиот мир, Македонија да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО

Русија отворено предупредува дека намерата на Шведска и Финска за приклучувањето во НАТО ќе доведе до зголемување на воените тензии во Европа, дека Русија нема да го трпи ова и таквиот чин не ја зголемува безбедноста на Финска и Шведска.

Во оваа насока, рускиот претседател Путин вели дека проширувањето на воената инфраструктура на НАТО на териториите на Шведкса и Финска ќе предизвика одговор од руска страна, што севкупно, и понатаму имаме ситуација на загрозување на меѓународниот мир и безбедност.

Затоа, Единствена Македонија ја повикува македонската влада како членка на НАТО да биде на страната на светскиот мир и да стави вето на приемот на Финска и Шведска во НАТО-Алијанската.

Во овие тешки времиња за светскиот мир, Македонија иако е членка на НАТО треба да води сметка и за своите национални интереси. На Македонија и треба принципиелна и неутрална политика, дотолку повеќе, таква политика гледаме од далеку помоќни држави од Македонија како членки на НАТО.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 20 мај 2022 година