Во Белград потпишан Меморандум за соработка меѓу Единствена Македонија и Српската странка Заветници


12.05.2022 | 15:13:05 | Соопштенија


Во Белград потпишан Меморандум за соработка меѓу Единствена Македонија и Српската странка Заветници

Партијата Единствена Македонија и Српска странка Заветници во Белград потпишаа Меморандум за соработка.

Двете партии во рамките на соработката договорија размена на искуства и знаења во политичкото делување, особено во изборниот процес и водење на предизборни кампањи, организирање на конференции, консулатции и меѓусебна соработка на стручни лица, кое е кључно за реализација на заеднички настани.

Дотолку повеќе, Српската странка Заветници е најголемото изненадување на изборите во Србија од 3 април кога за првпат влегоа во српскиот парламент со 10 пратеници.

Притоа, договорена е подршка на ставовите во однос на стратешките интереси на Србија и Македонија кое опфаќа зачувување на Косово и Метохија во рамките на Србија, ревидирање на договорите со Грција и Бугарија со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, создавање на балкански вонблоковски сојуз и остварување на статусот на воена неутралност на Македонија и Србија, непридружување кон режимот на антируски санкции, грижа за македонското и српското малцинство во двете земји како и за прашања од други области.

Целосен текст на Меморандумот за соработка на македонски и српски јазик

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 12 мај 202 година