Единствена Македонија: За каква историска одлука на Вселенската патријаршија зборува марионетата Ковачевски, МПЦ да не подлегнува на оваа штетна и провокативна одлука


11.05.2022 | 13:18:35 | Соопштенија


Единствена Македонија: За каква историска одлука на Вселенската патријаршија зборува марионетата Ковачевски, МПЦ да не подлегнува на оваа штетна и провокативна одлука

Единствена Македонија го прашува марионетскиот премиер Димитар Ковачевски за каква историска одлука станува збор со наводно признавање на Македонската правослвана црква од Вселенската патријаршија, а такво нешто нема.

Вселенската патријаршија во името на нашата црква го признава само „Охрид“ а нашата македонска црква не смее да го користи терминот „Македонија“ и кој било друг дериват на зборот „Македонија“.

Во цел свет во името на црквата се гледа и името на државата на кој припаѓа односната црква, а само ние во Македонија не можеме да имаме Црква со назив: Македонска православна црква.

Единствена Македонија апелира на здраворазумско поведение и ја повикува власта да не шири лажна еуфорија и радост предвреме, за одлука која ја руши позицијата на МПЦ меѓу православните верници.

МПЦ како институција која е главен столб на македонското опстојување и вековен чувар на идентитетот на македонскиот народ, со случувањата во кои е втурната со нејзиното безимено третирање од страна на Вселенската патријаршија, истовремено значат и уривање на главниот столб на македонското опстојување.

Единствена Македонија ја повикува МПЦ да не подлегнува на штетната и провокативна одлука на Вселенската патријаршија и да опстои во историската битка до конечна победа за целосна автокефалност на МПЦ со нејзиното македонско име. Дотолку повеќе, се работи за проблем поврзан со националниот идентитет на македонскиот народ и македонската држава и за прашање од стратешки интерес за црквата, нацијата и државата.

Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на МПЦ во одбраната од било какви напади, бидејќи нападот врз МПЦ е напад врз Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 11 мај 2022 година

Пресс 24