Единствена Македонија го реафирмира својот став: Доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав


08.05.2022 | 14:42:46 | Соопштенија


Единствена Македонија го реафирмира својот став: Доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав

Јавноста деновиве слушна за размислувањата од македонска страна дека Бугарија треба да даде гаранција дека внесувањето на Бугарите во македонскиот устав е последно барање. Но, ова е недоволно и неприфатливо.

Затоа, Единствена Македонија го реафирмира својот став од 24.07.2021 година дека доколку Бугарите бидат внесени во македонскиот устав, тогаш, мора и Македоцните да бидат внесени во бугарскиот устав.

Патем, ова е барање и на Македонците во Пиринска Македонија чиј глас мора да се слушне во услови кога се изложени на негација од страна на бугарската држава. Дотолку повеќе, во Бугарија има многу повеќе Македонци од минорната бројка на Бугари во Македонија.

Доколку марионетската влада на СДСМ не побара и Македоцните да бидат внесени во бугарскиот устав и повторно оди против македонските интереси и меѓународно правно-признанитет начела и норми во оваа сфера, Единствена Македонија ќе преземе потребни чекори во соработка со здруженијата на Македонците во земјата, соседните земји и пошироко во странство.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 08 мај 2022 година