Делегација на Единствена Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев


04.05.2022 | 15:10:29 | Соопштенија


Делегација на Единствена Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Единствена Македонија по повод 119 години од убиството на Гоце Делчев положи цвеќе на неговиот гроб во Црквата „Св. Спас“.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во изјава за медиумите истакна:

-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

На денешен ден Гоце Делчев, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија.  Сите ние имаме обврска да го продолжиме идеалот на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија, дотолку повеќе што, денес државата ни е окупирана од надворешни и внатрешни непријатели, од марионетска власт која по налог на „ѕверот“ брише се што е македонско. Затоа, обврската наша како Македонци,  на оваа генерација Македонци е многу голема.

Не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител да не биде револуционер, да не оди во планините, да си седи дома. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија.

Затоа, за сите нас инспиративно е неговото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија.

Ние во Единствена Македонија ветуваме, се заветуваме дека никогаш нема да ги предадеме идеалите за Гоце Делчев.

Гоце Делче еднаш беше предаден за времне на животот. Ние во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта, дотолку повеќе што, денеска марионетската власт во Скопје сака да го подари на туѓа држава. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец.

Да ни е вечен споменот на Гоце Делчев! 
Да ни е вечна македонската држава!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 04 мај 2022 година

Медиуми:

Денешен

Вечер 

Весник

Република

Макпрес

Вечер прес

Опсервер

Нова Македонија

Грид