Единствена Македонија до СДСМ: Ако „Скопје 2014“ е пералница на една милијарда евра, каде е сега истата милијарда евра која и вие ја имате во буџетот


03.05.2022 | 12:42:25 | Соопштенија


Единствена Македонија до СДСМ: Ако „Скопје 2014“ е пералница на една милијарда евра, каде е сега истата милијарда евра која и вие ја имате во буџетот

СДСМ денес објави дека „Скопје 2014“ била барокна пералница на дури една милијарда евра народни пари од страна на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема бегање од одговорноста.

Единствена Македонија го прашува СДСМ, доколку ВМРО-ДПМНЕ потрошило една милијарда евра за „Скопје 2014“, а СДСМ сега не гради споменици и ја има истата милијарда евра во буџетот, тогаш каде е таа милијарда евра и за што е потрошена од владата на СДСМ. Познато е дека проектот „Скопје 2014“ се градеше со пари од буџетот и оттука СДСМ ја има на располагање во буџетот истата милијарда евра која поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја потрошила за „Скопје 2014“.

Јавноста има право да знае каде владата на СДСМ ја има потрошено таа милијарда евра. Дотолку повеќе, граѓаните добро знаат дека владата на СДСМ нема институционален капацитет да ги решава секојдневните проблеми. Граѓаните добро знаат дека во време на владата на СДСМ, Македонија е држава во која владее беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство, заради што, оваа марионетска влада мора да замине што поскоро.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 03 мај 2022 година