Единствена Македонија: Владата се фали со субвенции за граѓаните, а крие дека тоа се пари од странски кредити кои на крај пак ќе ги враќаат граѓаните


25.04.2022 | 13:33:48 | Соопштенија


Единствена Македонија: Владата се фали со субвенции за граѓаните, а крие дека тоа се пари од странски кредити кои на крај пак ќе ги враќаат граѓаните

Марионетската влада на СДСМ секој ден се фали дека во време на економска и енергетска криза успешно ја менаџира кризата, ги ублажува последиците со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра, го ублажува стандардот на граѓаните и дека финансиски ги подржува ранливите граѓани.

Но, СДСМ крие и не кажува во јавноста дека разноразните субвенции што ги дава на граѓаните се всушност пари од странски кредити кои на крај пак ќе ги враќа државата од буџетот, односно од парите на граѓаните.

Помошта и субвенциите за граѓаните со кои се фали владата на СДСМ не се резултат на некаква нивна способност и раст на домашниот бруто производ, туку на постојаната задолженоста на државата со странски кредити или преведено на македонски: префрлање од шупло во празно.

Патем, вчера во Вашингтон министерот Фатмир Бесими договори нов кредит за Македонија од 600 милиони евра со кои пари сега владата на СДСМ пак ќе ја купува довербата на граѓаните. Но, граѓаните треба да знаат дека тоа всушност се нивни пари, бидејќи кредитите ги враќа државата од буџетот со народни пари.

Граѓаните добро знаат дека владата на СДСМ нема институцуионален капаците да ги решава проблемите. Затоа со невидена леснотија си зема странски кредити, а за секоја држава не е проблем на странските финансиски пазари да се задолжува со нови и нови кредити.

Македонија е држава во која владее беззаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство и затоа оваа марионетска влада мора да замине што поскоро.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 25 април 2022 година

Пресс 24

Тајм

Грид