Единствена Македонија: Прости им боже не знаат што прават, Комисијата за заштита од дискриминација го изгуби компасот


22.04.2022 | 16:09:15 | Соопштенија


Единствена Македонија: Прости им боже не знаат што прават, Комисијата за заштита од дискриминација го изгуби компасот

Единствена Македонија изразува згрозеност и шокираност од одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација против претседателот на партијата Јанко Бачев за искажани ставови во негови два поста на социјалните мрежи.

Комисијата ја прифати пријавата на бугарските здруженија во Македонија дека претседателот Бачев вршел дискриманција по основ на албанска и бугарска етничка припадност за што најавува судска постапка против Бачев.

Ова е само по себе скандал од најмалку две причини, прво, нема никаква дискриминација во постовите на претседателот Бачев за што ги доставуваме на увид на јавноста, и второ, токму бугарските здруженија секој ден, со секое свое постапување, дискриминираат цел еден народ со негација на македонската нација, јазик, историја и култура. Дури, државниот врв на Бугарија отворено најави и парична помош за бугарските здруженија за нивни активности на антимакедонска основа.

Наместо да ги гонат бугарските здруженија во Македонија за нивни активности кои во суштина значат повикување, потикнување и инструкција за дискриминација со директна негација на се што е македонско, комисијата по задача на марионетската власт во Скопје ги гони политичките неистомисленици и македонските патриоти.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го изгуби компасот. Прости им боже не знаат што прават!

За Единствена Македонија нема дилема. Нема да не уплашат. Остануваме на првата линија во одбрана и заштита на македонските национални и државни интереси.

 

Ова се двата поста за наводна дискриминација на Албанците и Бугарите во Македонија

 

Ова е Одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 22 април 2022 година