Единствена Македонија: Пендаровски и Ковачевски да не глумат лудило зашто десет дена знаеа и дозволија отворање на клубот „Ванчо Михајлов“


19.04.2022 | 12:27:32 | Соопштенија


Единствена Македонија: Пендаровски и Ковачевски да не глумат лудило зашто десет дена знаеа и дозволија отворање на клубот „Ванчо Михајлов“

Цела Македонија со се Пендаровски и Ковачевски знаеа уште пред десетина дена дека доаѓа бугарска делегација во Македонија на чело со бугарскиот премиер Петков на отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Марионетската власт во Скопје знаела десет дена за отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ и не презеле ништо за да го спречи, а сега најодговорните за тоа Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски глумат лудило со наводната остра реакција на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ се отвори на македонско тло и затоа Единствена Македонија прашува, на која држава се претседател и премиер Пендаровски и Ковачевски кога не го спречија отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“. Самиот факт што тоа е така, значи дека бугарската делегација е брифирана дека може слободно да се шета по Македонија и да пропагира антимакедонски клубови.

Но, вистината е сосема поинаква. Марионетскиот државен врв во Скопје е инсталиран за спроведување на агендата за бришење на Македонците во чии рамки е и проектот за подарување на македонската историја на Бугарија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 19 април 2022 година