Единствена Македонија: Македонски јаничари од Бугарија кој велат дека сме измислена нација ќе парадираат во Битола, од власта во Скопје - тишина


16.04.2022 | 12:23:10 | Соопштенија


Единствена Македонија: Македонски јаничари од Бугарија кој велат дека сме измислена нација ќе парадираат во Битола, од власта во Скопје - тишина

Единствена Македонија реагира на денешниот молк на марионетската власт во Скопје која дозволува во Битола, на македонското тло, во суверена и самостојна Македонија да парадираат македонските јаничари од власта во Софија кои не издржале во историјатаи кои бараат да прифатиме дека сме измислена нација. Молкот на власта во Скопје значи одобрување и јавно понижување на македонскиот народ и македонската држава.

 

За волја на вистината, Македонија нема проблем со бугарскиот нарoд кој е горд на своето татарско-монголско потекло, туку ние имаме проблем со одродени македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и подпаднале под егзархиската пропаганда.

 

Загрижувачки е и признаието на министерот во МНР Бујар Османи дека има документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од Бугарија. Токму таквотот однесување на Османи е опасно бидејќи решавање на проблемот со Бугарија е врзано со македонската нација, јазик, идентиет, историја, култура.

 

За Единствена Македонија нема дилема. Повеќе не треба да се остава простор за власта на СДСМ и ДУИ и нивниот забеган филм за Македонија и Македонците. Единствена Македонија ја предупредува марионетската власт во Скопје  дека не можат да ги продаваат Македонците и порачува дека сме биле, сме, и ќе останеме Македонци.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, сабота, 16 април 2022 година