Единствена Македонија: Како може Спасовски на плата од 80.000 денари да има и додаток од 24.000 денари колку што е платата на наставниците и воспитувачките?


12.04.2022 | 13:13:01 | Соопштенија


Единствена Македонија: Како може Спасовски на плата од 80.000 денари да има и додаток од 24.000 денари колку што е платата на наставниците и воспитувачките?

Единствена Македонија го подржува штрајкот за покачување на платите на наставниците и воспитувачките кои заслужуваат подостоинствена позиција, бидејќи нивните плати се под секое човечко достоинство.

Истовремено, Единствена Македонија го осудува лицемерието на владата која денес се пофали со покачување на платите во градинките во периодот 2017-2021 и таму платите во моментот биле 25.000 денари. Затоа, владата побара од синдикатот да бидат реални и чуствителни оти имало светска економска криза која не ја заобиколува и Македонија.

Но, со денешното соопштение владата го допре дното. Министерот во МВР Оливер Спасовски со колективниот договор на МВР си обезбеди статус на овластено службено лице во МВР што му носи 30 отсто додаток на плата. Спасовски на основната плата од 80.000 денари прима и додаток од 24.000 денари.

Единствена Македонија прашува, на какво разбирање и чуствителност од синдикатот повикува владата во денешното соопштение кога само додатокот на Спасовски е во висина на цела една плата на наставниците и воспитувачките? Башка што, со статусот овластено службено лице Спасовски задолжува и службен пиштол и легитимација а во услови кога тој како политичко лице во МВР нема ништо заедничко со оперативната работа на терен освен што има лична корист од 24.000 денари додаток на плата!

Единствена Македонија ја повикува марионетската влада во Скопје наместо да се служи со закани и притисоци кон штрајкувачите, да си го подзачисти ѓубрето во сопствениот двор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 12 април 2022 година