Единствена Македонија: Власта да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема странски пари - од Русија или од Сорос и ЦИА


11.04.2022 | 13:18:52 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема странски пари - од Русија или од Сорос и ЦИА

Марионетската власт во Скопје е во очај штом секојдневно пак ја врти старата приказна во стилот на здодевен агитатор да ги прогласува за руски шпиони оние кои не размислуваат како власта и нејзините странски газди од Брисел и Вашингтон.

Да потсетиме, власта и за време на преспанскиот договор ја ширеше истата наменска приказна за наводни руски пари и руски инсталации во Македонија и на крај излезе едно големо ништо. Се покажа дека лажните приказни за наводно руско мешање биле со цел дефокусирање на јавноста од очајната подршка за НАТО-интеграциите што се покажа и на референдумот од 30 септември 2018 кога народот јасно и порача на власта што мисли за Договорот со Грција и членството во НАТО и ЕУ.

Единствена Македонија ја потсетува власта во Скопје дека Русија е светска велесила, членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, никогаш не ги довела во прашање вековното македонско име, територијалниот интегритет, унитарноста, сувереноста, идентитетот на македонскиот народ, а Путин отворено изјави дека писменоста доаѓа од македонската земја.

Лагите на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди повеќе не поминуваат. Затоа, Единствена Македонија во име на вистината ја повикува марионетската власт во Скопје да каже со име и презиме кој и од каде 30 години зема пари од странство - од Русија или од Сорос и ЦИА.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 11 април 2022 година