Единствена Македонија: Срамно и скандалозно е власта да се заканува со затвор на политичките неистомисленици за поинакво мислење за Украина


06.04.2022 | 12:27:58 | Соопштенија


Единствена Македонија: Срамно и скандалозно е власта да се заканува со затвор на политичките неистомисленици за поинакво мислење за Украина

Единствена Македонија најостро ја осудува најновата закана на марионетската власт во Скопје дека ќе полицијата ќе апси, обвинителството ќе гони а судот ќе ги фрла во затвор сите кои на социјалните мрежи одобрувале и оправдувале наводно воено злосторство во Украина. Но, ова е само перфидна димна завеса која во суштина се сведува на затворање на сите кои се на страната на Русија а ја критикуваат незрелоста на Зеленски која доведе до специјалната операција на Русија во Украина.

Единствена Македонија ја прашува власта, кој е тој авторитет кој ќе каже дека имало воено злосторство во Украина за да може власта да ги затвора сопствените граѓани. Таков авторитет нема. За власта воено злосторство ќе биде тоа што ќе го кажуваат Зеленски, Бајден и европските бирократи во Брисел.

За некој да биде затворан дека одоборува и оправдува воено злостортсво во Украина потребно е една претходна ситуација на постоење на меѓународно правно - призната судска пресуда за такво злосторство, а такво нешто нема.

Затоа, ја повикуваме власта да престане со срамнаta и скандалозна провокација спрема политичките неистомисленици во земјата, дотолку повеќе, македонскиот устав ја гарантира слободата на мислење, а цензурата е забранета.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 6 април 2022 година