Единствена Македонија: На денот на основањето на НАТО се потсетуваме на насилниот, нелегалниот и нелегитимен прием на Македонија во НАТО


04.04.2022 | 13:47:32 | Соопштенија


Единствена Македонија: На денот на основањето на НАТО се потсетуваме на насилниот, нелегалниот и нелегитимен прием на Македонија во НАТО

Марионетската власт во Скопје денес со повеќе настани го одбележува 4 април - Денот на основањето на НАТО. Но, Единствена Македонија како и поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија потсетуваат на насилниот, нелегалниот и нелегитимен прием на Република Македонија во НАТО.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија на референдумот одржан на 30 септември 2018 година и кажаа на власта што мислат за НАТО. Но, марионетската власт во Скопје ја погази референдумската вопја на народот и насилно ја зачлени државата во НАТО.

Република Македонија стана членка на НАТО со непристоен антимакедонски и антидржаевн пазар - членство во НАТО во замена бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Марионетската власт очајнички и насилно ја турна Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Република Македонија со членството во НАТО е ставена на погрешната страна на историјата. Но, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Македонија ќе ја обезбедат воената неутралност на Република Македонија.

Единствена Македонија е гарант за поништување на антимакедонските договори и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 04 април 2022 година