Бачев: Еве го клучниот документ од кој се гледа дека пописот е тежок фалсификат и дека Македонците реално се 74.66 отсто


03.04.2022 | 18:13:45 | Прес Конференции


Бачев: Еве го клучниот документ од кој се гледа дека пописот е тежок фалсификат и дека Македонците реално се 74.66 отсто

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 03 април 2022 година

Браќа Македонци и сестри Македонки,

Пред пет дена во Македонската филхармонија се собраа непријателите на македонското дело и објавија некаков резултатот од пописот 2021 година.

Според нив, вкупниот број резидентно и нерезидентно население, односно, македонски државјани во земјата и во странство имало вкупно 2.097.317 или како Македонци 54,21 отсто, како Албанци 29,52 отсто и како други 16.27 отсто.

Денес, на конкретен начин сакам да покажам дека ова е голема лага и тежок фалсификат. Според законот за попис, се попишува вкупниот број на државјани на Република Македонија во земјата и странство.

Единствена Македонија дојде до документот од министерството за внатрешни работи за регистарот на државјани.

Ова е тој документ. Од него се гледа дека вкупниот број на македонски државјани во земјата и странство е 2.500.326. Од друга страна, марионетската власт објави дека вкупниот број на државјани во земјата и странство кои се попишани е 2.095.645.

Значи, кога оваа бројка што ја кажува власта ќе се одземе од вкупниот број на државјани, фалат, внимавајте добро, уште 404.861 лице. А ова се речиси сто отсто Македонци кои не се попишани и се работи за нашите Македонци од Австралија, САД, Канада и Европа.

Внимавајте сега добро. Власта, исто така обајви дека и 132.260 лица во Република Македонија кои го бојкотираа пописот, сепак се внесени во бројката на попишани и тоа било направено врз основа на базата на податоци кои ги има во државните органи, ама без да ја внесе нивната национална определба иако и тука станува збор за речиси сто отсто Македонци кои го го бојкотиравме пописот.

Доаѓаме до клучната работа. Како што спомнав од официјалниот документ на МВР за регистарот на државјани произлегува дека не се попишани 404.861 лице кои живеат во Австралија, САД, Канада и Европа, а исто така не е наведена етничката припадност на 132.260 лица кои во Макеоднија го бојкотиравме пописот.

Значи, кога ќе се соберат овие бројки, вкупно не се наведени во пописниот резултат 537.121 македонски државјанин кои речиси сто отсто се Македонци или фантастични 21,48 отсто од Македонците не се наведени во резултатот од пописот. Од друга страна, Албанците во странство беа целосно попишани бидејќи министри- албанци во владата во координација со албанската шпионска служба шетаа по Европа и ги собраа матичните броеви на Албанците во странство.

Браќа и сестри Македонци и Македонки,

Како што гледате од најрелевантно и најкомпетентно место и тоа не било каков документ, туку официјален документ од МВР, конечно го откриваме целосниот фалсификат според кој, да повторам, 537.121 или 21,48 отсто Македонци не се наведени во пописниот резултат.

Но, тоа не е случајно, марионетската власт во Скопје ја тера агендата по налог на своите странски газди за рушење на Македонија и Македонците. Пописниот фалсификат и процентите беа договорени порано од Заев и Ахмети и одлична работа е што повикавме на неизлегување бидејќи сега имаме основа да го спориме.

Доколку немаше повик за неизлегување сега ќе одекнеше по светот дека сите ги прифаќаат и никој нема забелешки на пописот. Важно е што пописотпаѓа сам од себе. Никој нормален не ги прифаќа овие смешни бројки, како на пример, власта објави дека во странство има 258.932 македонски државјани од кои 63.572 Македонци. Па, кој нормален ќе поверува дека во Австралија, САД. Канада и Европа живеат само 63.572 Македонци.

Но, среќа во несреќа е што го имаме клучниот доказ за вкупниот број на македонски државјани и нивната етничка припадност. И најбитното, според овој документ и според табелите кои ги имаме за етничката структура прозлегува дека од 2.500.326 државјани на Република Македонија во земјата и странство, 74.66 отсто се Македонци, како 16.52  се албанско малцинство и 8.82 отсто други малцинства.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да бидат спокојни. Пописот е неуспешен и мора да се поништи. Податоците за бројноста на Македонците се целосно погрешни.

Ветувам дека новата народна власт која доаѓа, таа се навестува, реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски ќе го преброи населението. Ќе пратиме свои министри да седат и по месец дена во странство и до последен ќе ги избројат нашинците во странство.

За крај, од ова место можам гордо да извикнам: Пописот 2021 е неуспешен. А одговорност за националното предавство со фалсификуваниот попис мора да има. И ќе има.   

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 03 април 2022 година