Единствена Македонија: Јавноста има право да знае како власта пресмета на пописот само 63.572 Македонци во Австралија, САД, Канада и Европа


02.04.2022 | 14:45:41 | Пописи


Единствена Македонија: Јавноста има право да знае како власта пресмета на пописот само 63.572 Македонци во Австралија, САД, Канада и Европа

Единствена Македонија како и македонскиот народ сеуште чекаат одговор од марионетската власт во Скопје и нејзиниот потрчо директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски да објаснат како изброија само 63.572 Македонци во странство.

Според официјалниот резултат во странство се попишани 258.932, од кои како Македонци 63.572 (24,55 отсто) како Албанци 171.982 (66.42 отсто) како Турци 12.638 (4,78 отсто) и други.

Кој нормален може да поверува дека во странство има само 63.572 Македонци во услови кога Австралија, САД и Канада самите велат за повеќе стотици илјади Македонци во прекуокеанските држави како и стотици илјади Македонци по Европа.

Пописот е неуспешен и мора да се поништи. Податоците за бројноста на Македонците се целосно погрешни и тоа е видливо за секој нормален човек.

Единствена Македонија ветува дека нов попис мора да има, и ќе има. Новата легална власт која се навестува, таа доаѓа ќе прати свои министри - Македонци кои доколку е потребно ќе седат и месец дена во странство и до последен ќе ги избројат нашинците во странство.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 2 април 2022 година

Опсервер

Грид

Тајм