Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам да лажеш дека пописот беше со сите нишани и стандарди на ЕУ


31.03.2022 | 18:03:04 | Пописи


Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам да лажеш дека пописот беше со сите нишани и стандарди на ЕУ

Единствена Македонија најостро ја осудува голема лага од марионетскиот претседател Стево Пендаровски дека направивме попис со сите нишани и со највисоки стандарди на ЕУ искажана на денешната конференција „Дигитализација“ во организација на Француската амбасада.

Единствена Македонија го повикува Пендаровски да каже барем една држава членка на ЕУ и воопшто во светот каде има закон за попис кој предвидува при попис опфаќање на резидентното и нерезидентното население, да се дава можност трети лица да попишуваат отсутни лица со покажување матичен број, попишување на етничката и религиозната припадност на отсутни лица од пријатели, комшии, роднини  иако овие определби се од строго лична и приватна природа, двоен потпис од директорот и заменик директорот на Државниот завод за статистика како услов за важечки попис, што севкупно, сите овие определби содржани во македонскиот закон за попис го прават пописот политичка наместо статистичка операција за реално пребројување на населението. Патем, сето ова дополнето со шетање на владини министри по Европа и собирање на матични броеви на едно малцинство во координација со албанската шпионска служба.

Единствена Македонија најодговорно тврди дека македонскиот закон за попис не беше усогласен со пописните стандарди на Европското статистичко биро на ЕУ - ЕВРОСТАТ како и документите на Обединетите нации во оваа сфера. Затоа, го прашуваме Пендаровски како не му е срам да лаже дека пописот беше според стандарди на ЕУ.

Единствена Македонија ветува дека нов попис според стандарди на Евростат и пописните документи на Обединетите нации мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 31 март 2022 година

Опсервер