Единствена Македонија: Протерувањето на пет руски дипломати од Бујар Османи е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа


28.03.2022 | 12:54:17 | Соопштенија


Единствена Македонија: Протерувањето на пет руски дипломати од Бујар Османи е тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа

Марионетскиот министер Бујар Османи денеска длабоко го вознемири поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со антимакедонската и антидржавна одлука за протерување на пет вработени во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Бујар Османи невешто се обиде да ја навреди интелегенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е заради тоа што руските дипломати извршувале активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи. Но, Османи го губи компасот оти Русија не е закана и никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ.

Одлуката за протерување е тешка провокација спрема Русија и преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси. Антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството, меѓутоа, марионетата Османи испушта од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени.

Единствена Македонија како и македонскиот народ не стои зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, туку одлуката е резултат на марионети во власта со задача за рушење на Македонија и Македонците.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 28 март 2022 година