Единствена Македонија: Денес е тажен и тежок ден - две години од насилниот, нелегалниот и нелигитимен прием на Македонија во НАТО


27.03.2022 | 11:44:56 | Соопштенија


Единствена Македонија: Денес е тажен и тежок ден - две години од насилниот, нелегалниот и нелигитимен прием на Македонија во НАТО

Денес се навршуваат две години од насилниот, нелегалниот и нелегитимен прием на Република Македонија во НАТО. Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија на референдумот одржан на 30 септември 2018 година и кажаа на власта што мислат за НАТО. Но, марионетската власт во Скопје ја погази референдумската вопја на народот и насилно ја зачлени државата во НАТО.

Денешниот ден 27 март во услови кога е избришано името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ во замена за членство во НАТО, е тажен ден за Република Македонија која е ставена на погрешната страна на историјата. Патем, се виде за какви стратешки сојузници се работи кога во ова тешко време на коронавирус во изминатие две години не оставија на цедило и не истумбаа на првата кривина.

Марионетската власт во Скопје очајнички и насилно по секоја цена ја турна Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Македонија ќе ја обезбедат воената неутралност на Република Македонија.

Единствена Македонија е гарант за поништување на антимакедонските договори и враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски принципи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 27 март 2022 година

Опсеревер