Единствена Македонија до Ковачевски: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од антимакедонските договарања со Бугарија


21.03.2022 | 14:29:16 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Те шамараат на рати од Бугарија, повлечи се од антимакедонските договарања со Бугарија

Марионетската влада на Димитар Ковачевски со најновата изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков, продолжува да добива силни шамари на рати од Бугарија.

Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, Петков јасно порача дека мора прво да се исполни бугарското барање за промена на македонскиот устав и запишување на Бугарите во Уставот на Република Македонија а дури потоа да се преговара за договор.

Петков јасно ги бетонира бугарските позиции кои треба да доведат до бришење на македонската нација, јазик, историја, Македоцните во Пиринска Македонија, а сето тоа како услов Бугарија да дозволи почеток на преговори со ЕУ иако членството во Унијата само по себе е неизвесен факт за кое не може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина од дваесетина години и навистина би се остварило, дотолку повеќе, прашање е дали до тогаш Европската унија ќе опстане.

За волја на вистината, проблемите доаѓаат од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.

По силното шамарање на рати за Ковачевски од Бугарија, Единствена Македонија со фер понуда до Ковачевски да се повлече од антимакедонските договарања со Бугарија. Надворешната политика на власта во изминатиот период со која се загрозени националните и државните интереси, доживеа целосен пораз.

Единствена Македонија кажува отворено и јасно - антимакедонските договори ќе бидат поништени како спротивни на домашното и меѓународното право. За штетата  за националните интереси, одговорност мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 21 март 2022 година