Единствена Македонија до власта: Слушнавме за вашите мерки за кризата, ајде сега финалниот чекор - скратете ги и функционерските плати


19.03.2022 | 13:28:28 | Соопштенија


Единствена Македонија до власта: Слушнавме за вашите мерки за кризата, ајде сега финалниот чекор - скратете ги и функционерските плати

Во изминатите денови се изнаслушавме за најразновидни мерки за штедење во буџетот од страна на власта во услови на економска и енергетска криза. Притоа, власта не пропушта во секоја прилика да се пофали дека работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Затоа, Единствена Македонија очекува од власта сега да го направи финалниот чекор со кој искрено ќе покаже дека ја дели судбината на народот во време на криза. Ја повикуваме власта да ги намали за половина платите на сите избрани и именувани функционери и директори на централно и локално ниво а чија бројка е околу десет илјади лица во државата. Платата на овие функционери е 70.000 до 100.000 денари и со намалувањето на функционерските плати ќе има секој месец во буџетот околу 6,5 милиони евра повеќе пари за народот.

Велат дека пратениците и избраните и именувани функционери работат во интерес на народот. Време е да се запрашаат како со децении преживува обичниот народ со сиромаштијата и посебно сега во кризата кога голем број луѓе не примаат плата и останаа без работа.

Пратениците доколку изгласат законски измени за намалување на платите ќе покажат дека ја делат судбината на народот и ќе испратат силна порака дека функционерите во Македонија се спремни да се откажат од непотребното луксузирање врз грбот на даночните обврзници.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 19 март 2022 година