Единствена Македонија: Зошто Стево Пендаровски вчера помилува само Албанци за 27 април, а не ги помилува и Македонците


18.03.2022 | 11:23:18 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зошто Стево Пендаровски вчера помилува само Албанци за 27 април, а не ги помилува и Македонците

Единствена Македонија го поздравува помилувањето на лицето Абдулфета Алими како учесник во настаните од 27 април. Но, во исто време од страна на Пендаровски нема помилување за неправедно осудените Македонци за 27 април кои се фрлени во темните затворски зандани за измислени дела за тероризам.

Ваквите привилегии за лица само од албанското малцинство во државата ги доведува Македонците во сопствената држава да стануваат граѓани од втор ранг.

Скандалозно е тоа што Стево Пендаровски за иста ситуација помилува Албанци а нема помилување за Македонци, со што инстуцијата претседател се претвора во испостава на ДУИ за која одамна кружат информации дека е вистинската власт во државата.

Македонија ќе оди напред само кога Македонците ќе бидат свои на своето и законите ќе важат за сите. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 18 март 2022 година

Прес 24

Опсервер

Македонски весник

Грид

Тајм