Единствена Македонија: Силен шамар од Борел за марионетската власт во Скопје - промена на името била за добра волја од ЕУ


15.03.2022 | 14:26:55 | Соопштенија


Единствена Македонија: Силен шамар од Борел за марионетската власт во Скопје - промена на името била за добра волја од ЕУ

На марионетската власт во Скопје со години устата им беше полна со фалби дека добиваме датум за преговори за членство во Европската Унија. Но, власта во Скопје вчера доби силен шамар од високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кој јасно порача дека од ЕУ има само добра волја. Произлегува дека Македонија смени име во замена за волја од Унијата.

Се потврди апелот на Единствена Македонија низ годините да не се влегува во замка со невозможната отстапка со промена на името за некакво обично ветување дека во некоја иднина ќе станеме членка на ЕУ, иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, која прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина и навистина би се остварила.

Единствена Македонија по посетата на Борел го реафирмира својот став дека е потребно марионетската власт во Скопје да се вразуми и да одговори со мораториум за активностите околу ЕУ до следните парламентарни избори. Дотолку повеќе, непристојниот пазар на власта во Скопје со ЕУ - датум за преговори во замена за ново име падна во вода.

Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 15 март 2022 година