Единствена Македонија: Кое лицемерие од Иванов во Анталија, дели лекции за ОН а се откажа од договореното за одбрана на името во ОН


13.03.2022 | 13:01:04 | Соопштенија


Единствена Македонија: Кое лицемерие од Иванов во Анталија, дели лекции за ОН а се откажа од договореното за одбрана на името во ОН

Единствена Македонија како и македонскиот народ со неверување го слушнаа излагањето на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за улогата на Обединетите нации на форумот за дипломатија во Анталија под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Но, токму Иванов не го искористи механизмот на ОН во битката за одбрана на името - Република Македонија и не го направи тоа за што првично се согласи зад сцената.

Кога Зоран Заев испрати писмо до ОН со кое побара државите - членки на ОН да го користат името Република Северна Македонија, Иванов требаше да испрати паралелно писмо за разјаснување дека преспанскиот договор е ништовен според домашното и меѓународното прав, дека не е почитуван референдумот од 30 септември, не е потпишан указот, уценети и купени 8 пратеници гласаа за уставните измени со што ќе дојдеше до т.н меѓународно недоразбирање (international friction)  закое Иванов требаше да побара да дојде на испитување на седница на Советот за безбедност на ОН а на која согласно Повелбата на ОН ќе учествуваше и Иванов без право на глас, а тука Русија ќе го преземеше својо дел.

Но, наместо Иванов да го направи својот дел од договореното, настана целосен пресврт една пролетна ноќ во 2019 по изненадната целовечерна средба на Брајан Хојт Ји со Иванов по која Иванов го смени ставот. Историјата еден ден ќе го даде одговорот дали Иванов беше уплашен, уценет или поткупен да се приклучи на Заев за предавството на името.

Во тој момент беше најбитно да се добие во време и да се проблематизира проблемот со името во ОН и Единствена Македонија изразува цврста убеденост дека на крајот ќе дојдеше успехот оти на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно признати механизми во Обединетите нации за употреба на името - Република Македонија а кои ќе бидат искористени од новата народна власт која доаѓа, се навестува.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 13 март 2022 година