Единствена Македонија: Пендаровски, Ковачевски, Петровска и Османи да престанат со политиката „прле пред магаре“ за судирот во Украина


12.03.2022 | 14:45:18 | Соопштенија


Единствена Македонија: Пендаровски, Ковачевски, Петровска и Османи да престанат со политиката „прле пред магаре“ за судирот во Украина

Единствена Македонија ги повикува марионетите Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Бујар Османи да престанат со политиката „прле пред магаре„ во однос на специјалната операција на Русија во Украина со што ја изложуваат Македонија на потсмев во меѓународните односи.

Секојдневно гледаме како повеќе држави членки на НАТО промовираат крајно воздржан став во однос на руско-украинскиот проблем сакајќи да задржат добри односи и со Москва и со Киев. Единствено марионетската власт во Скопје преку претседателот и премиерот Пендаровски и Ковачевски и министрите Славјанка Петровска Бујар Османи секојдневно се истрчува непотребно со смешни изјави претставувајќи ја Македонија малтене како фактор во руско-украинската криза за да со невидено полтронство им удоволат на САД.

Специјалната операција на Русија во Украина  ќе заврши, но, ќе останат последиците на меѓународен план во однос на Македонија која сеуште не може да ја апсолвира простата вистина дека светот се менува, се менува и Европа.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 12 март 2022 година