Единствена Македонија: Украинската амбасадорка да се прогласи за persona non grata во Македонија


07.03.2022 | 11:55:48 | Соопштенија


Единствена Македонија: Украинската амбасадорка да се прогласи за persona non grata  во Македонија

Единствена Македонија изразува шокираност од денешната јавна објава на украинската амбасада во Скопје со која се бараат македонски борци да учествуваат против специјалната воена операција на Русија во Украина.

Ваквата објава која се повикува на Указот на украинскиот претседател број 248, уште еднаш ја покажува незрелоста на Зеленски кој од комичар стаса до претседател на Украина.

Со ваквите активности, украинската амбасада дејствува на начин кој не одговара на статусот на едно дипломатско претставништво во странска држава и на директен начин се крши меѓународното дипломатско право.

Единствена Македонија ја повикува марионетската власт во Скопје да постапи според Виненската конвенција за дипломатски односи и да ја прогласи украинската амбасадорка во Скопје за непожелна личност -persona non grata во Република Македонија.

Република Македонија има меѓународно правно признато - право да прогласи одредена личност за непожелна поради заштита на своите национални интереси. А не е во национален интерес на Македонија македонски државјани да војуваат и гинат во Украина за туѓи интереси.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 07 март 2022 година