Во Прилеп се одржа стручна дебата на тема: Македонците против антимакедонското


05.03.2022 | 15:55:00 | Соопштенија


Во Прилеп се одржа стручна дебата на тема: Македонците против антимакедонското

Денес, сабота, 5 март 2022 година во Прилеп се одржа стручна дебата насловена како „Македонците против антимакедонското“. На дебатата свое излагање имаа Милан Јовчески, Вангел Божиноски, Емилија Гелева, Тодор Петров и Јанко Бачев.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека по 30 години самостојна и суверена држава, Републка Македонија се наоѓа во најтешка ситуација од кога било досега со загрозување на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.. Поточно, состојбите во Македонија кај малцинскиот албански дел од населението се доживуваат еуфорично и се слават, кај мнозинскиот македонски дел и останатите малцинства предизвикува фрустрации. Исто така беше посочено дека антимакедонските договори со Грција и Бугарија се неприфатливи и длабоко трауматични за македонската национална свест, државата е редифинирана и рекомпонирана и го изгуби националниот карактер како што е кај сите современи држави во Европа кои во своите устави содржат референца за мнозинскиот народ. Македонците останаа без своја национална држава, меѓуетничките тензии, партизираната администрација, бинационалната држава, фалсификуван попис во 2021 година, вака според учесниците беше претставена Македонија. Но, се сложија дека Македонците не ги признаваат овие состојби и мора да си ја вратиме државата назад како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Прилеп, сабота, 5 март 2022 година