Зошто МНР молчи и не го повикува бугарскиот амбасадор за непријателската изјава на Петков


06.03.2022 | 14:21:03 | Соопштенија


Зошто МНР молчи и не го повикува бугарскиот амбасадор за непријателската изјава на Петков

Поминаа три дена од непријателската изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков за единствена Бугарија во која влегува и територијата на Република Македонија искажана по повод прославата на Санстефанскиот договор, но, од страна на марионетската власт во Скопје целосен молк.

Зошто македонското министерство за надворешни работи молчи и не го повикува на разговор бугарскиот амбасадор во Македонија за изјавата на Петков против територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

Истовремено, нема реакција од Македонија и до институциите на Европската Унија за реториката на бугарскиот премиер во која се изразуваат територијални претензии кон Македонија а кое нешто не наликува на земји - сојзунички де, во НАТО.

Прави голем грешка во Македонија секој оној кој мисли дека ќе ја импресионира европската јавност ако премолчува отворени неријателски изјави на источната ни сосетка Бугарија.

За Единствена Македонија нема дилем. Остануваме на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Антимакедонските договори мора да се поништат, и ќе се поништат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 06 март 2022 година