Единствена Македонија: Марионетската власт пуштена на најако, забранува телевизии. Што е следно, апсење на неистомисленици?


01.03.2022 | 09:28:36 | Соопштенија


Единствена Македонија: Марионетската власт пуштена на најако,  забранува телевизии. Што е следно, апсење на неистомисленици?

Единствена Македонија силноја осдува определбата на марионетската влада во Скопје за забрана на руските телевизии само затоа што имаат поинакво мислење од наменската владина пропаганда под диктат на НАТО за настаните во Украина.

Ја потсетуваме марионетската влада во Скопје дека цензурата е забранета со Уставот. Но, забрана на телевизии праќа и друга порака. Марионетската влада во Скопје заедно со своите странски газди мора да се во очај штом прибегна кон ваква антицивилизациска мерка за забрана на телевизии.

Во едно демократско општество треба да се слушаат вести од различни информации и народот сам да одлучи кој е во право, а кој е во криво. Очигледно е дека со забраната на телевизии, марионетската влада во Скопје е пуштена на најако. По ваквиот развој на настаните се наметнува прашањето, дали следно што треба да се очекува е апсење на неистомисленици!?

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 01 март 2022 година