Единствена Македонија: Извини Таче морално е, инспиратор на војната во Украина се САД и НАТО а енергетската криза е вина на марионетската власт која го откажа рускиот гасовод


26.02.2022 | 12:13:42 | Соопштенија


Единствена Македонија: Извини Таче морално е, инспиратор на војната во Украина се САД и НАТО а енергетската криза е вина на марионетската власт која го откажа рускиот гасовод

Бомбастично најавуваното вонредно обраќање на марионетата Ковачевски донесе големи лаги. Ковачевски по стапките на Заев, лаже штом ќе зине.

За која руска агресија зборува Ковачевски кога цел свет гледа дека војната во Украина е инспиририна од САД и НАТО кои лажно го силеа украинскиот претседател Зеленски да влезе во опасна авантура со можно зачленување на Украина во НАТО и на крај го изневерија дека ќе го бранат. Потврдата за ова дојде лично од Зеленски кој вчера во раните утрински часови беше брутално искрен со видео обраќање кога директно ги прашуваше лидерите на ЕУ дали Украина ќе биде во НАТО и кој е подготвен да ја брани од Русија. Одговорот од ЕУ беше - сите се плашат, молчат и никој не му одговара. Воениот судир меѓу Русија и Украина само зборува за незрелоста на украинскиот претседател Зеленски кој од телевизиски комичар стаса до претседател на Украина.

Ковачевски со проценка за продлабочување на енергетската криза и дека годината ќе биде неизвесна. Точно, Македонија веќе ги чуствува последиците со гасот, но, вината не е во Русија туку во поведението на марионетската власт во Скопје. Го потсетуваме Ковачевски дека Русија ја планираше Македонија да биде дел од главната траса на гасоводот: Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија со што засекогаш ќе го решевме прашањето со природен гас како прашање на иднината. Но, за жал, инсталираната власт на Заев своевремено ја тргна Македонија од овој проект.

Таче, извини, ама морално е, прифати ја реалноста. Светот се менува. Се менува и Европа. Новите геополитички околности доаѓаат. Тие се навестуваат. Тука е големата шанса за Македонија да си ја вратиме државата назад, шансата Македонија и Македонците да останат свои на своето. Ја осудуваме полтронската политика на Македонија спрема Брисел и Вашингтон во актуелните настани во Украина. Македонија иако е членка на НАТО треба да води сметка за своите национални интереси. А не е во национален интерес на Македонија да се приклучува на санкциите спрема Русија.

На Македонија и треба принципиелна и неутрална политика со која ќе одржи добри односи со Киев и Москва. Единствена Македонија длабоко жали што дојде до воен судир меѓу украинските и руските браќа по род и вера а во НАТО ликуваат од таквиот развој на настаните.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 26 февруари 2022 година