Единствена Македонија: НАТО и САД исценираа уште една војна, ја искористија незрелоста на украинскиот претседател - комичарот Зеленски


25.02.2022 | 10:04:00 | Соопштенија


Единствена Македонија: НАТО и САД исценираа уште една војна, ја искористија незрелоста на украинскиот претседател - комичарот Зеленски

Единствена Македонија силно го осудува смисленото сценарио на НАТО со предводникот САД, да исценираат уште една војна далеку од американска територија.

Единствена Македонија ги прашува НАТО и САД како инспиратори на војната во Украина, како би реагирале ако во една претпоставена ситуација, Канада или Мексико, влезат во воен сојуз со Русија и следствено на ова, од руска страна се натрупа руско оружје на границата со САД.

Како во таков случај би постапиле Американците?

Познато е како своевремено реагираше САД во врска со случајот со Куба, спремни беа дури на светска војна само да ги заштитат своите американски безбедносни интереси  откако се појави информацијата дека тогашниот СССР разместува оружје на Куба.

Воениот судир меѓу Русија и Украина само зборува за незрелоста на украинскиот претседател Зеленски кој од комичар стаса до претседател на Украина. Но, по се изгледа и таму како и овде во Македонија, народот гласа како размислува партијата.

Единствена Македонија длабоко жали што дојде до воен судир меѓу украинските и руските браќа по род и вера а во НАТО ликуваат од таквиот развој на настаните.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 25 февруари 2022 година