Единствена Македонија: Скандал, Филипче ќе го обезбедуваат 6 телохранители од МВР според проценка на АНБ само затоа што сакал да вози мотори со Заев


19.02.2022 | 12:59:00 | Соопштенија


Единствена Македонија: Скандал, Филипче ќе го обезбедуваат 6 телохранители од МВР според проценка на АНБ само затоа што сакал да вози мотори со Заев

Единствена Македонија изразува шокираност од злоупотребата на Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат од страна на министерот за внатрешни работи во врска со обезбедувањето на Венко Филипче и по престанок на функцијата.

Оливер Спасовски во својство на министер за внатрешни работи определил обезбедување од МВР за Венко Филипче врз основа на проценка од Агенцијата за национална безбедност. Но, во извештајот на македонската тајна полиција се вели дека Филипче, замислете, можел да биде загрозен бидејќи имал страст за возење на мотори а јавноста виде како Филипче со Зоран Заев се возат со скапи мотори.

Единствена Македонија нема ништо против страста на Филипче да другарува со Заев и да возат мотори. Но, незаконско и неморално е Филипче да го обезбедуваат на државен трошок телохранители на МВР за приватна моторска дружба со Заев. Според одлуката на Спасовски, покрај Заев, сега и Филипче ќе го обезбедуваат на држаевн трошок шест телохранители од МВР.

Одлуката на Спасовски за обезбедување на Филипче од страна на МВР е класична злоупотреба на Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видови на мерки и активностите и степените на обезбедување. Дотолку повеќе, во извешатајот на тајната полиција нема конкретна закана за животот на Филипче.

Единствена Македонија го повикува Спасовски да ја повлече скандалозната одлука за обезбедување на Филипче и да го покаже извештајот на тајната полиција дека Филипче можел  да биде загрозен при возење на мотори со Заев. Во спротивно, ја повикуваме АНБ да ја тргне ознаката - државна тајна за да може Единствена Македонија да го покаже извештајот на АНБ во јавноста дека Филипче може да биде загрозен од чаламењето со возење мотори со Заев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 19 февруари 2022 година