Единствена Македонија до Ковачевски: Вразуми се и стави мораториум за ЕУ и договорот со Бугарија до следните избори


20.02.2022 | 13:52:00 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ковачевски: Вразуми се и стави мораториум за ЕУ и договорот со Бугарија до следните избори

 

Единствена Македонија како и македонскиот народ изразуваат голема загриженост од информациите дека марионетскиот премиер Ковачевски и при последната средби со бугарскиот премиер Петков во Минхен ги прифаќа бугарските барања за негација на македонскиот народ и Македонците во Пиринска Македонија.

Ковачевски во Минхен продолжил со понудата на конкретни антимакедонски предлози до Бугарија од што произлегува дека договорот со Бугарија е димна завеса за бришење на македонскиот идентитет, историја и јазик.

Марионетата Ковачевски не може да ја разбере простата вистина дека прави невозможна отстапка за некакво обично ветување дека во некоја иднина Македонија ќе стане членка на ЕУ, иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, која прашање е дали може со сигурност да се тврди дека во некоја иднина и навистина би се остварила.

Единствена Македонија го повикува Ковачевски да се вразуми и на очигледно шовинистичкиот поход од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, да одговори со мораториум за ЕУ и договорот со Бугарија до следните парламентарни избори.

Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси никогаш нема да ја предаде Макеоднија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 20 февруари 2022 година