Единствена Македонија: Ковачевски лаже - суши за средба со Блинкен, а всушност само трчал по ходнициите во Минхен да се слика со него


21.02.2022 | 15:05:00 |


Единствена Македонија: Ковачевски лаже - суши за средба со Блинкен, а всушност само трчал по ходнициите во Минхен да се слика со него

Марионетскиот премиер Димитар Ковачевски продолжува кај што застана неговиот претходни Зоран Заев. Продолжува да влегува од лага во лага.

Ковачевски вчера беше жив фатен во нова лага за наводна средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Минхен, Германија. Ковачевски лично објави дека имал средба со Блинкен и како што вели средбата била многу срдечна.

Вистината е дека Ковачевски немал средба со Блинкен, туку само трчал по ходниците во Минхен за да се слика со него а сликата ни ја прикажува како да имал средба со американскиот државен секретар.

Потврда за лагата на Ковачевски дојде од најкомпетентно место - американскиот Стејт Департмент кој ја објави агендата за сите средби на Блинкен во Минхен. Но, од агендата се гледа дека Блинкен немал средба со Ковачевски за време на неговиот престој во Минхен ниту пак Стејт департментот објави за таква средба. 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 22 февруари 2022 година   

Медиуми:

Макфакс  

МТМ

Прес 24

МТнет

Утрински весник

Грид

Тајм