Единствена Македонија: Претседателот Бачев со сопартијци положи цвеќе на споменикот на Чакаларов по повод 148-годишнината од раѓањето


22.02.2022 | 14:17:00 | Соопштенија


Единствена Македонија: Претседателот Бачев со сопартијци положи цвеќе на споменикот на Чакаларов по повод 148-годишнината од раѓањето

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со сопартијци денес положи цвеќе на споменикот на Васил Чакаларов по повод 148 - годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер и војвода.

Чакаларов е еден од најголемите и најсветли имиња на македонската историја од крајот на 19 и почетокот на 20 век, роден во с. Смрдеж Костурско, на 22 февруари 1874 година. За жал, малкумина знаат во Македонија кој бил Чакаларов. Војводата доби споменик во 2013 година во Скопје, но го нема во историските читанки во Македонија.

Чакаларов бил делегат на Смилевскиот конгрес каде е донесена одлука за Илинденското востание, учесник во Илинденското востание кој предводел 2.000 четници како врховен командант во Костурскиот реон каде биле ослободени Невеска и Клисура со што Чакаларов ја освоил најголемата слободна територија во Беломорска Македонија која била под македонска управа многу подолго од Крушевската република. Но, ова не се учи во македонскат историја.

Најмногу се борел против пропагандите, пред се грчката и бугарската. Грчките власти го нарекувале најголем противник на хеленизмот кој Грција воопшто го има. Стравот на Атина одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

Загинува на 9 јули 1913 година во борба со грчките сили во с. Бел камен, Леринско. Грчките војници му ја отсекле главата и ја донеле во Лерин каде во поворка низ улиците на сиот глас викале:

„Го нема Чакаларов. Ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци“

Да ни е жив споменот на Васил Чакаларов!        
Да ни е вечна македонската држава!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 22 февруари 2022 година