Единствена Македонија: Државата треба да се позанимава и со т.н. Бугари од Македонија - еве зошто


09.02.2022 | 09:47:46 | Соопштенија


Единствена Македонија: Државата треба да се позанимава и со т.н. Бугари од Македонија - еве зошто

Мала група како што се нарекуваат Бугарите од Македонија водат агресивна кампања со лаги против Република Македонија.

Бугарите од Македонија или поточно македонските јаничари кои не издржале во историјата се шетаат по Софија на средби со бугарскиот државен врв и пишуваат писма по меѓународни организации со поплаки дека во Македонија се малтретираат и стравуваат слободно да се изјаснат како Бугари иако ништо не им фали.

Т.н. бугари во Македонија ги уживаат сите човекови права поединечно и колективно организирани во здруженија и партии на Бугарите во Македонија, слободно се изразуваат по медиуми и социјалните мрежи дури и на штета на Македонија и Македонците. Со еден збор, лажат и го рушат угледот и достоинството на македонската држава и македонскиот народ а повратно од марионетската власт во Скопје - целосен молк.

Да сме нормална држава треба Македонија да се позанимава со македонските јаничари кои на секој чекор смислено и со наменска кампања нанесуваат голема штета на Македонија и Македонците.

За Единствена Македонија нема дилема. Мора да запре лудилото и лагите на повампираните т.н. бугари од Македонија кои треба да бидат ставени во ред со цел да бидат заштитени интересите на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 9 февруари 2022 година