Единствена Македонија до Бугарија: Оставете го Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Пендаровски и Ковачевски сосе Заев


05.02.2022 | 12:17:30 | Соопштенија


Единствена Македонија до Бугарија: Оставете го Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Пендаровски и Ковачевски сосе Заев

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев кој целиот живот го посветил на Македонската револуционерна борба и создавњето на слободна и независна Македонија.

За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски кои и не кријат дека се спремни да разговараат и за Гоце Делчев, а штом тоа прашање се стави на маса, уште сеге е јасно дека Гоце повторно ќе биде предаден како што беше предаден и за време на животот.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што триото Ковачевски и Пендаровски сосе Зоран Заев ќе бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир. 

За Единствена Македонија нема дилема: Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 5 февруари 2022 година