Единствена Македонија: Власта во Скопје повторно го предаде Гоце, го подарува и на Бугарија со заедничка историја и чествување во петок


02.02.2022 | 14:31:47 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта во Скопје повторно го предаде Гоце, го подарува и на Бугарија со заедничка историја и чествување во петок

Марионетската влада во Скопје прави голем антимакедонски грев и злосторство со одлуката за прифаќање заедничка историја и заедничко чествување на денот на раѓањето на Гоце Делчев во петок во Скопје.

Единствена Македонија како и македонскиот народ прашува со која памет власта во Скопје го подарува Гоце Делчев и на Бугарија со заедничко чествување на денот на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба.

За Гоце Делчев смислата на животот беше да работи и да умре за Македонија. И така направи. Можел Делчев да биде само учител а не идеолог и револуционер и да си седи дома, да ужива со учителската плата и да не оди во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Борбата на оваа генерација Македонци за Гоце е всушност битка за Македонија и Македонците, битка за опстанок на цел еден народ.

За Единствена Македонија нема дилема: Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 2 февруари 2022 година