Единствена Македонија: Британецот Пич се мајтапи со марионетите во Скопје, бара реформи и влез во ЕУ а заборави да им каже дека неговата држава избега од ЕУ


01.02.2022 | 15:26:59 | Соопштенија


Единствена Македонија: Британецот Пич се мајтапи со марионетите во Скопје, бара реформи и влез во ЕУ а заборави да им каже дека неговата држава избега од ЕУ

Единствена Македонија реагира на денешното дипломатско мајтапење на британскиот пратеник за Балканот, Стјуарт Пич, кој на средбите во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска им порача дека е клучно Македонија да остане на реформската агенда и наградата - членство во ЕУ, еден убав ден ќе дојде.

Но, Пич намерно или ненамерно заборави да им каже на домаќините во Скопје, ако толку е убаво во ЕУ, тогаш, зошто неговата држава - Велика Британија избега од Унијата.

Од друга страна, и власта во Скопје пропушти важна информација за Пич. Затоа, Единствена Македонија го информира Пич дека насилното зачленување на Македонија во НАТО беше спротивно на референдумот од 30 септември 2018 со кој народот кажа „не“ за евроатланските интеграции и промена на името и дека власта во Скопје купена и инсталирана од странски центар најгрубо ја погази референдумската волја на народот дека не сака во геноцидни организации кои бришат цел еден народ од светската мапа на нации.

Очигледно е дека двојните аршини на разните белосветски дипломати и пратеници продолжуваат врз Македонија, бидејќи, нешто што нивните држави не го сакаат го претставуваат како одлично за Македонија.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја придвижи Република Македонија кон меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.