Единствена Македонија: Власта да се вразуми, да ја одложи наставата и да овозможи школо без маски


31.01.2022 | 13:29:10 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта да се вразуми, да ја одложи наставата и да овозможи школо без маски

Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и во последен момент пред стартот на второто полугодие да ја одложи наставата како децата дополнително би тргнале на училиште без маски.

Поголем дел од политичката а особено битно е што и еминентни медицински лица бараат одложување на наставата за минимум 20 дена и деца во школо без маски, од најмалку две причини: прво, маските влијаат штетно вр здавјето и психата на децата, и второ, растечкиот број на новозаразени со коронавирус.

Во услови на длабока политичка поделеност во државата, свесни сме за големата суета кај власта. Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најбитно здравјето на децата. Здравјето на децата не трпи политички калкулации. Децата се нашата иднина.

Единствена Македонија го реафирмира својот став во јавноста дека деца со маски во училиштата е тежок грев и злосторство врз децата. Затоа, ги правиме потребните чекори. На потег е владата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник 31 јануари 2022 година